Последни подготовки за локалните избори, неделава ждрепка
Македонија се подготвува за локалните избори. Повеќето листи се потврдени, неколку се отфрлени, в четврток ќе се одржи жрепка за распоредот на гласачкото ливче. И ДИК и МВР уверуваат дека се преземаат сите активности за да имаме слободен, фер и демократски изборен процес...

303 потврдени листи за градоначалници и 558 листи за членови на советите на општините за локалните избори, информираа од ДИК. Дел од листите сè уште се во процес на отстранување на неправилностите. Претседателот на комисијата, Борис Кондарко, информираше дека разликата во бројот на поднесени листи е минимална во однос на претходните локални избори. Коментирајќи ја одлуката на Уставниот суд во врска со правилникот и упатството кое го донесе ДИК, Кондарко рече дека тоа претставува додадена вредност за целосна примена на законот.
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, вели дека е подготвена оперативната акција за изборите и дека земјава ќе има демократски изборен процес.
Во овој изборен процес најскапо ќе е платеното политичко рекламирање. Дури две третини од 10-те милиони денари. Буџетот е нешто помал од претходно, но е стокмен како во секоја општина да ќе има два круга.
И овојпат ливчињата ќе ги печати „Киро Дандаро“ од Битола за што е склучена рамковна спогодба во висина од 800 илјади евра.
Миле А. Ристески
