Македонија

Системската корупција – најголема безбедносна закана

23.09.2025 16:04

Секој трет граѓанин во земјава или негов близок се соочил со корупција. Експертите предупредуваат дека корупцијата како канцер е навлезена во општественото ткиво, уривајќи ја довербата во институциите. Се бараат итни мерки...

Системската корупција е длабоко навлезена во општественото ткиво – оценува професорот од Факултетот за безбедност Николовски. Додава дека поради лукративни интереси на поединци, граѓаните со тешкотии ги остваруваат своите права, се губи довербата во институциите, со што се нарушуваат темелите на демократското општество.

„Корупцијата ја загрозува безбедноста на земјава и на регионот“, предупредуваат експертите.

Големиот број коруптивни случаи што МВР ги откри изминатата година покажуваат дека има поинаков, суштински пристап во борбата против корупцијата, но има уште многу работа, признава министерот Тошковски. Слаба алка е и затворскиот систем – за една година поднесени 40 кривични пријави против вработените во затворите.

Според истражувањето на Факултетот за безбедност секој трет граѓанин во земјава се соочил, со корупција или некој негов близок.

Според „Транспаерентс интернешал“ Македонија е рангирана на 88 место од вкупно 180 држави, со 40 индексни поени за перцепција на корупција.

 

Марина Стојанова-Тонева