Култура

Тактилната изложба „Допрете ги покуќинските садови“ во Музеј на Македонија

23.09.2025 16:33

Изложбата е наменета за слабовидни и слепи ќе им овозможи на овие лица да ги допрат и почувствуваат предметите од поставката во Музејот на Македонија...

Тактилната изложба „Допрете ги покуќинските садови“, наменета за слабовидни и слепи ќе им овозможи на овие лица да ги допрат и почувствуваат предметите од поставката во Музејот на Македонија. Барем за момент да визуализираат како живееле народите кон крајот на деветнаесеттиот и почетокот на дваесеттиот век.

Културните денови на европското наследство претставуваат можност да се свртиме кон минатото и кон луѓето кои ги граделе селата, градовите, училиштата, храмовите.

Изложбата ќе биде отворена во Музејот на Македонија до 30-ти октомври.

 

Александра Спировска