Транспортерите загрижени за европските правила
Транспортерите загрижени за новите правила за влез и излез во ЕУ. Од „Макамтранс“ велат дека проблемот е во тоа што системот налага броење на деновите на престој. Министерот за транспорт Николоски вели, во тек се консултации со челниците во ЕУ за да се реши прашањето за престојот во Шенген зоната...

Транспортерите загрижени за новите правила за влез и излез во ЕУ. Од „Макамтранс“ велат дека проблемот е во тоа што системот налага броење на деновите на престој во ЕУ на патничките транспортери, наместо тоа да се смета за вршење дејност. Оттаму стравуваат дека Македонија и превозниците од сите трети земји што не се членки на ЕУ ќе останат без професионални возачи.
„Пристапот на ЕУ е дискриминаторен затоа што конкретното правило важи само за превозот во патниот сообраќај. Ако на ова се додадат и транспортните дозволи, за чие вадење и натаму не е баш лесна процедурата, тогаш се соочуваме со ситуација за 30 насто да имаме намален број на професионални возачи“, вели Билјана Муратовска, генерална секретарка на МАКАМ Транс.
Консултации за да се реши прашањето
Министерот за транспорт Николоски вели, во тек се консултации со челниците во ЕУ за да се реши прашањето за престојот во Шенген зоната и правилата што ќе се применуваат од октомври годинава.
Иако позитивните придобивки од Шенген зоната се пораст на Бруто-домашниот производ, помалку чекање на граница, намалени трошоци за инвеститорите, новите шенгенски правила на ЕУ може да значат и проблеми за „третите земји“ во кои се вбројува и Македонија.
Игор Панов
