Образование
МОН: Испораката на учебниците е завршена
23.09.2025 17:56
„Изработката и испораката на учебници во основното и средното образование го реши предизвикот кој четири министри на претходната влада не успеаја да го надминат“, реагираат од МОН...

„Изработката и испораката на учебници во основното и средното образование го реши предизвикот кој четири министри на претходната влада не успеаја да го надминат“, реагираат од МОН.
Оттаму, и натаму уверуваат дека има учебници за сите ученици и оти испораката е веќе завршена.
„Целиот тираж кој беше побаран од училиштата е испечатен и испорачан. Дополнително, на училиштата и учениците покрај печатените учебници, како опција на располагање им се и електронските верзии на одобрените учебници“, велат од ресорот.
