Статистика

Подобрена економската состојба и производството на деловните субјекти

26.08.2014 16:58

Економската состојба на деловните субјекти во јули 2014 година била поповолна во однос на претходниот месец, а е на исто ниво во однос на јули лани, сметаат врвните менаџери на фирмите.

Оценката за обезбеденоста на производството со порачки, како што соопшти Државниот завод за статистика, е поповолна во однос на претходниот месец. Очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни, како и очекувањата за бројот на вработените.

Ограничувачки елементи можат да бидат недоволната странска или домашна побарувачка како и неизвесното економско опкружување .