НАТО

Трамп: Руски авиони во НАТО простор да се соборат

24.09.2025 08:51

Земјите-членки на НАТО треба да соборуваат руски авиони што влегуваат во нивниот воздушен простор, изјави американскиот претседател.

Земјите-членки на НАТО треба да соборуваат руски авиони што влегуваат во нивниот воздушен простор, изјави американскиот претседател. На прашањето дали САД ќе обезбедат воена поддршка во таква акција, Трамп рече дека потенцијалното учество ќе зависи од околностите. Изјавата следува откако изминатиот период руски дронови упадна во воздушниот простор на земји-членки на Алијансата.

„Се зависи од околностите. Знаете, НАТО се засили. Кога се зголеми буџетот од 2 на 5 проценти, тоа беше одлично единство. Трилиони долари се вложуваат и ни плаќаат за оружјето што го испраќаме. Тоа беше голем ден. Никој не помисли дека нешто такво може да се случи“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Од Балтичко до Црно Море, земјите што граничат со Русија, Белорусија и Украина се соочуваат со опасност од прелевање на војната на Москва во Украина. Министрите за одбрана од источната граница на ЕУ ќе се состанат во петок на разговори за создавање ѕид од беспилотни летала по должината на источниот дел на блокот.