Украина

Зеленски со критики за Путин и Кина

24.09.2025 10:10

Украинскиот претседател вели дека недостасува решителна акција од страна на Советот за безбедност на ООН во врска со руската агресија.

Украинскиот претседател вели дека недостасува решителна акција од страна на Советот за безбедност на ООН во врска со руската агресија. Пред членовите на Советот, упати критики за рускиот претседател Путин и сојузникот Кина.

„На Путин му е грижа само да го искористи секој состанок, секоја шанса да ја продолжи војната. Секој ден Русија убива наши луѓе, ги уништува нашите градови и не остава знаци дека некогаш ќе се врати на принципите на Повелбата на ОН“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Во меѓувреме, ЕУ вети континуирана поддршка за Киев.

„Никој не сака мир повеќе од Украинците. Заедно, ги повикуваме сите глобални партнери да го искористат своето влијание и да го максимизираат притисокот врз Русија за веднаш да ја прекине оваа незаконска војна, да работат кон праведен и траен мир“, изјави Каја Калас, висока претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност.

Зеленски претходно одржа билатерална средба со американскиот претседател Трамп за кого вели дека може да ја смени ситуацијата во три и полгодишната војна.