Блиски Исток

Италија со услови за признавање на Палестина

24.09.2025 11:28

Италијанската премиерка децидна, нема да поддржи признавање на палестинска држава сè додека сите заложници не бидат ослободени и Хамас да биде исклучен од која било идна палестинска влада...

Италијанската премиерка децидна, нема да поддржи признавање на палестинска држава сè додека сите заложници не бидат ослободени и Хамас да биде исклучен од која било идна палестинска влада. Мелони е под притисок во Италија откако десетици илјади луѓе излегоа на улиците на штрајкови и протести за поддршка на палестинскиот народ.

„Мислам дека главниот политички притисок мора да се изврши врз Хамас затоа што токму Хамас ја започна оваа војна и го спречува нејзиното завршување. Не сум против признавањето на Палестина, но мора да си ги зададеме вистинските приоритети“, изјави Џорџа Мелони, премиерка на Италија.

На конференцијата во ООН за решение на конфликтот на Блискиот Исток, 7 земји меѓу кои и Франција објавија дека формално ја признаваат државноста на Палестина. САД сметаат дека признавањето на Палестина е награда за Хамас.