МВР, ФФМ и навивачите во заедничка борба против насилствата на трибините

26.08.2014 17:04

Конструктивни идеи и предлози. Се разгледуваат можностите да се спречат дивеењата и насилствата на спортските трибини...

Навивачките групи, Фудбалската федерација, клубови и МВР седнаа на заедничка маса. Конструктивни идеи и предлози. Се разгледуваат можностите да се спречат дивеењата и насилствата на спортските трибини. Навивачките групи побараа 90 минути да бидат на трибините, предложија МВР да одреди полицајци кои постојано ќе бидат во комуникација со нив и ќе се договараат во врска со претстоен натпревар.

„За нас сосема е прифатлива нивната иницијатива за специјализирање на лица во однос на спортскта проблематика во рамките на МВР со кои координацијата и комуникацијата би била на дневна основа и би ги користеле заеднички најдобрите меѓународни искуства“, рече министерката за внатрешни, Гордана Јанкулоска.

Спортските клубови побараа подобра координација со полицијата околу обезбедувањето на терените. Според законот, одговорноста за инцидентите на натпреварите е на организаторот. Проблем за безбеден натпревар е и инфраструктурата на терените,посочи првиот човек на ФФМ.Преку низа проекти што се веќе почнати вети  надминување на проблемот, за кој, посочи, треба да се вклучат и општините и сопствениците на клубовите.

„Има пропусти, сите заеднички треба да ги решаваме проблемите, ние како Фудбалска федераација, клубовите, навивачките групи. Има работи кои можат да се поправат, одиме во тој правец, затоа и седнуваме на заедничка маса да ги решиме сите овие проблеми“, рече Илчо Ѓорѓиевски, претседател на ФФМ.

Од 34-те инциденти на спортските трибини годинава, 19 се случиле во Скпопје. Другите биле  во  Битола,  Штип , Охрид и во Тетово. Поднесени се 12 кривични пријави . Во инцидентите биле вклучени  речиси од сите навивачки групи.

Наташа Гркова –Петрушевска