Ѓоковиќ го потврди настапот во Шангај

24.09.2025 09:39

Засега е потврдено дека Ѓоковиќ, до крајот на годината, ќе настапи и на АТП турнирот во Атина (2-8 ноември), додека неговиот настап на Мастерсот во Париз (27 октомври-2 ноември) и на финалниот Мастерс во Торино (9-16 ноември) сè уште не се потврдени.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе настапи на Мастерсот во Шангај, кој ќе се одржи од 1 до 12 октомври, објавија организаторите на турнирот.

Ѓоковиќ, кој во кариерата има рекордни 24 грен слем трофеи, го одигра својот последен официјален натпревар на почетокот на септември во полуфиналето на Отвореното првенство на САД во Њујорк, кога беше поразен од Карлос Алкараз.

Засега е потврдено дека Ѓоковиќ, до крајот на годината, ќе настапи и на АТП турнирот во Атина (2-8 ноември), додека неговиот настап на Мастерсот во Париз (27 октомври-2 ноември) и на финалниот Мастерс во Торино (9-16 ноември) сè уште не се потврдени.

Ѓоковиќ има четири титули во Шангај кои ги освои во 2012, 2013, 2015 и 2018 година.