МВР
Лишен од слобода крадец од Гостивар
24.09.2025 12:09
Полициски службеници од ОВР Гостивар во присуство на родителот Џ.Х. од Гостивар, лишиле од слобода 15-годишен малолетник од Гостивар...

Синоќа во 19:30 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар во присуство на родителот Џ.Х. од Гостивар, лишиле од слобода 15-годишен малолетник од Гостивар. Малолетникот се сомничи дека одзел патничко моторно возило „форд фокус“ со кичевски регистарски таблици пријавено од Ф.К. од Кичево.
Возилото е пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот. По документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
