Азија

Tајфунот „Рагаса“ ги зеде првите жртви на Тајван

24.09.2025 10:25

Најмоќниот тропски циклон во светот оваа година, го погоди Хонгконг со ветер со сила на ураган и поројни дождови. Во Тајван загинаа 14 лица откако се прелеа езеро и поплави цел град.

Супертајфунот Рагаса, најмоќниот тропски циклон во светот оваа година, го погоди Хонгконг со ветер со сила на ураган и поројни дождови. Во Тајван загинаа 14 лица откако се прелеа езеро и поплави цел град.

Се очекува Рагаса да го задржи интензитетот на супер тајфунот додека се движи кон брегот на кинеската провинција Гуангдонг, дом на повеќе од 125 милиони луѓе. Кинеските власти објавија прекин на работата на училиштата и сообраќајот.

На Филипините илјадници луѓе беа евакуирани.