Локални избори 2025

ДИК ќе одржи жрепка за утврдување на единствена листа на кандидати

24.09.2025 10:37

Изборната кампања почнува понеделник на 29-ти септември а завршува на 17-ти октомври односно 24 часа пред изборите. Граѓаните ќе избираат градоначалници и совети на 19-ти октомври, а вториот круг на изборите ќе се одржи на 2-ри ноември.

Државната изборна комисија денеска ќе одржи седница на која меѓудругото ќе се одржи жрепка за утврдување на единствена листа на кандидати за локалните избори. Изборната кампања почнува понеделник на 29-ти септември а завршува на 17-ти октомври односно 24 часа пред изборите. Граѓаните ќе избираат градоначалници и совети на 19-ти октомври, а вториот круг на изборите ќе се одржи на 2-ри ноември.

На изборите ќе учествуваат речиси сите политички партии и коалиции и независни кандидати.

Според статистиката добиена во Државната изборна комисија, до вчера вкупно потврдени листи за градоначалник на општините и Градот Скопје беа 303, а за членови на советите на општините и советот на Град Скопје беа потврдени вкупно 558 листи.

ДИК на денешната седница ќе одржи и жрепка за распределба на рекламни паноа и билборди за локалните избори.