Игротеките со вонредни превентивни мерки од жолтица
И игротеките преземаат превентивни мерки поради епидемијата на жолтица. Тие се приватни фирми и не подлежат на законот за детска заштита. Поради тоа вонредните мерки за превенција зависат од совеста на сопствениците. Дел од нив извршиле и вонредна дезинфекција, а контролата ја извршува санитарниот инспекторат.
„Извршена е целосна дезинфекција на игротеката и поединечно правиме дезинфекција на играчките. Дезинфекцијата ја врши специјализирана фирма, определена според законот“, рече Вујадин Дркаловиќ, сопственик на игротека.

Во овие места и за дневен престој на децата, особено играчките може да бидат извор на зараза. На пример, вирусот на грип може да остане и до 8 часа на површината на играчката.
Играчките се потенцијален преносител на вируси и бактерии, од иготеката која денеска ја посетивме потенцираа дека ти секојдневно се мијат со средства за дезфинфекција.
Сопственикот на игротеката вели дека храната најчесто си ја носат родителите, но и за неа остануваат препораките за темелно миење под силен млаз вода. Особено миење на рацете е главната препорака од комисијата за спречување на заразни болести во овој период пред почетокот на учебната година, кога поголема посетеност очекуваат и игротеките.
Лука Андреев