Образование

Јаневска: Досега затворени 14 приватни универзитети, продолжуваат контролите

24.09.2025 11:44

Се надевам дека дел од приватните високообразовни установи кои навистина не ги исполнуваат условите самите ќе пристапат кон затворање, ако не ние ќе ги затвориме, изјави министерката Јаневска.

Министерството за образование и наука врши проверка на работата и презема мерки за работата на неколку високообразовни установи. Сепак, поради стартот на кампањата за локалните избори за неколку дена, одредени активности се со закон забранети, вели министерката Јаневска, но најави дека тоа ќе продолжи по изборите.

Досега се затворени 14 приватни универзитети. Вчера беше издадено решение за времен прекин на работата на високообразовната школа, наречена Факултет за бизнис и економија.

Според Јаневска, факултетот постои од 2011 година и функционирал релативно добро до 2022 година, кога по промена на сопственоста почнале проблемите. МОН формираше комисија што направи увид и констатираше низа неправилности — од кадар до опременост. На институцијата ѝ бил даден рок од еден месец за отстранување на забелешките, но не реагирала, по што Агенцијата за квалитет го прогласи факултетот за нефункционален и е донесено решение за привремен престанок на работа.

Се надевам дека дел од приватните високообразовни установи кои навистина не ги исполнуваат условите самите ќе пристапат кон затворање, ако не ние ќе ги затвориме, изјави министерката Јаневска.