Здравство

Здравство го дигитализира системот за евиденција и управување со листите на лекови

24.09.2025 12:26

Се дигитализира постапката за нов лек на позитивната листа. Се овозможува и транспарентност на процесот преку достапен јавен портал. Побрзо ќе се собираат точни податоци за потребите на пациентите. Позитивната листа на лекови ќе се проширува двапати годишно, најави министерот Алиу...

Министерството за здравство го дигитализира системот за евиденција и управување со листите на лекови, со цел во секој момент да биде достапна информација за одреден лек од производител и до каде е постапката за негово ставање на позитивната листа.

Првиот човек на Здравство очекува со оваа дигитализација побрзо да се собираат точни податоци за потребите на пациентите. Двапати годишно ќе се проширува позитивната листа на лекови.

Дигитално ќе се поврзат сите здравствени институции, од матични лекари до клиники, државни или приватни за поефикасен здравствен систем.

Министерот за здравство уверува дека има доволно лекови за пациентите на Клиниката на онкологија.

 

Ирина Гелевска