Свет

Арапските земји во ОН повикаа на итен прекин на војната во Газа

24.09.2025 13:39

Арапските делегации побараа заштита на цивилите, брзо отворање на хуманитарни коридори и прекин на блокадата.

Арапските земји во Обединетите нации повикаа на итен прекин на војната во Газа, која е на прагот да влезе во втората година. Арапските делегации побараа заштита на цивилите, брзо отворање на хуманитарни коридори и прекин на блокадата.

На конферанцијата во ООН за решение на конфликтот на Блискиот Исток, седум земји меѓу кои и Франција објавија дека формално ја признаваат државноста на Палестина. САД сметаат дека признавањето е награда за Хамас.

Италијанската премиерка децидна, нема да поддржи признавање на палестинска држава се додека сите заложници не бидат ослободени и Хамас да биде исклучен од која било идна палестинска влада.

Мелони е под притисок во Италија откако десетици илјади луѓе излегоа на улиците на штрајкови и протести за поддршка на палестинскиот народ.