мвр

Претрес во Охрид, пронајдена дрога

24.09.2025 16:07

По целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави...

На 23.09.2025 во 23 часот во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид од слобода ги лишија С.М.(29) и О.Џ.(31), двајцата од Куманово. При претрес извршен по судска наредба, во стан кој го користеле во Охрид, се пронајдени бела прашкаста материја, пари и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.

По целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од МВР.