Хонгконг на удар на супертајфун
Супертајфунот „Рагаса“, најмоќниот тропски циклон во светот оваа година, го погоди Хонгконг со ветер со сила на ураган и поројни дождови. Во Тајван загинаа 14 лица откако се прелеа езеро и поплави цел град...

Најсилниот тропски циклон во светот – супертајфунот „Рагаса“, годинава го погоди Хонг Конг со ветрови со сила на ураган и на поплави. Делови од источниот и јужниот брег на азискиот финансиски центар се поплавени. Во Тајван, најмалку 14 лица загинаа по изобилните дождови, откако се излеа езеро. Повеќе од стотина луѓе се исчезнати.
„Ни беше дадена опција да работиме од дома, но канцеларискиот амбиент е подобар. Предупредувањето за тајфунот од властите овозможи подобро планирање на работите“, изјави жител.
„Бев загрижен дека патувањето од дома на работа и обратно ќе биде хаотично, па затоа се завршив навреме и им предложив на колегите да работат од дома“, изјави друг жител.
„Работам како модел. Денеска требаше да имам снимање од 8 часа, но потоа го скратија времетраењето на снимањето и го закажаа за друг ден за да можеме да работиме во побезбедна средина“, рече трет.
„Тајфунот може да трае неколку дена, па затоа сакам да се снабдам со свежи продукти“, додаде друг жител.
Апели до жителите на Хонг Конг, да останат во своите домови. Противпожарната служба со совет-да се затворат прозорците и да се следат безбедносните препораки. Се очекува супертајфунот да го задржи својот интензитет движејќи се кон брегот на кинеската покраина Гуангдонг, каде што живеат повеќе од 125 милиони луѓе.
„Рагаса“ го опустоши северот на Филипини. Властите предупредија на зголемување на нивото на морето, споредливо со тајфунот „Хато“ и тајфунот „Мангхут“. И двата тајфуни предизвикаа штета од повеќе милијарди долари.
Катерина Бојаџиева
