Седлоски промовиран за спортски директор на Вардар
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар продолжува со зајакнувањето на организациските структури како поддршка за спортскиот сегмент. Управата на „црвено-црните“ за нов спортски директор на клубот денеска го промовираше Гоце Седлоски. Поранешниот капитен на националниот состав и единствен играч со сто репрезентативни настапи привремено ја прекинува тренерската кариера и веќе ја повлекол кандидатурата за селектор на младата репрезентација на македонија.

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар продолжува со зајакнувањето на организациските структури како поддршка за спортскиот сегмент. Управата на „црвено-црните“ за нов спортски директор на клубот денеска го промовираше Гоце Седлоски. Поранешниот капитен на националниот состав и единствен играч со сто репрезентативни настапи привремено ја прекинува тренерската кариера и веќе ја повлекол кандидатурата за селектор на младата репрезентација на македонија. Тој го зазема местото на коешто до пред неколку месеци беше некогашниот селектор Ѓоко Хаџиевски, којшто по крајот на минатата сезона се повлече затоа што, како што рече, немал доволно простор за работа.
„Врадар е синоним за клупскиот фудбал во Македонија. Голема чест за мене е што сум дел од него. Задоволен сум од тоа како сум прием. Се надевам со заеднички сили ќе ги оствариме целите. Сите се надеваме на силен Вардар со успеси на домашна и меѓународна сцена. Никогаш не сум имал можност да играм за Врдар, но додека играв за селекцијата ја чувствував таа поддршка од навивачите на Вардар, ‘Комитите’. Сите контакти ќе ги искористам за да создадеме клуб, а својата тренерска кариера ја ставам во мирување. Ќе бидам во функција на тренерот Сергеј Андреев“, рече Седлоски на претставувањето.
