МВР
Приведен криминалец баран со потерница за затворска казна од пет години
24.09.2025 20:33
Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го приведоа П.С.(57) од с. Кучевиште, кој бил баран со потерница по наредба од Основен суд Скопје за казна затвор од пет години.

Вчера околу 10:50 часот во с. Кучевиште, скопско, по преземени оперативно тактички мерки, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го приведоа П.С.(57) од с. Кучевиште, кој бил баран со потерница по наредба од Основен суд Скопје за казна затвор од пет години.
Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.
