ЦУК

Активни четири пожари, исто толку се под контрола, еден е изгаснат

24.09.2025 14:18

Активни се пожарите во општина Македонски Брод, над село Бенче на планината Добра Вода каде гори дабова шума и папрат, во општина Чучер Сандево, село Малино и село Танушевци каде гори мешана шума, општина Липково, село Гошинце каде пожарот има зафатено шума и во општина Долнени, село Ропотово, каде гори ниска вегетација.

На територијата на Македонија до денеска на пладне има вкупно девет пожари на отворен простор, од кои четири се активни, четири се под контрола, а еден пожар е изгаснат, информираат од Центарот за управување со кризи.

Активни се пожарите во општина Македонски Брод, над село Бенче на планината Добра Вода каде гори дабова шума и папрат, во општина Чучер Сандево, село Малино и село Танушевци каде гори мешана шума, општина Липково, село Гошинце каде пожарот има зафатено шума и во општина Долнени, село Ропотово, каде гори ниска вегетација.

Под контрола се пожарите во општина Гевгелија, Кожуф планина каде гори букова шума, во општина Гази Баба, село Виниче, м.в.Муратица, каде пожарот има зафатено нискостеблеста шума, во општина Студеничани, село Батинци, каде горат ниска вегетација и мешана шума, како и во општина Делчево, каде пожарот ја има зафатено Градската депонија Острец.

Изгаснат е пожарот во општина Гостивар, каде горело ѓубре во населбата Циглана, соопштуваат од ЦУК.