Македонија

Мицкоски: За колкав процент ќе се зголемат платите во правосудството ќе зависи од анализата на Владата

24.09.2025 17:24

Со оглед на нискиот рејтинг на доверба, премиерот останува на ставот дека некои судии и јавни обвинители не заслужуваат повисока плата. Вели, Владата разговара со синдикатите да ги покачи примањата на службениците.

Пакетот закони дел од Планот за раст ќе бидат изгласани во законодавниот дом, но за колкав процент ќе се зголемат платите во правосудството ќе зависи од компаративната анализа на Владата, вели премиерот Мицкоски. Смета дека сега е многу појасно оти не станува збор за суштински реформи во судско-обвинителскиот систем, туку за поголем буџет за плати.

Со оглед на нискиот рејтинг на доверба, премиерот останува на ставот дека некои судии и јавни обвинители не заслужуваат повисока плата. Вели, Владата разговара со синдикатите да ги покачи примањата на службениците.

Премиерот најави дека ќе се објават случаи за тоа како суделе некои судии и обвинувале некои обвинители, тврдејќи дека некои од нив оделе во Брисел и кодошеле оти Владата не ја зголемувала платата. Упати критики и до опозицијата оти како што рече, ги штити неколкумината кои биле корумпирани.

Изјавите на Мицкоски побудија низа реакции. Здружението на судии објавија бројки со кои тврдат дека платите на судиите и судските службеници се најниските во регионот.

Викторија Милевска