Уставен суд

Уставен не поведе постапка за Одлуката на Владата за намалување на бројот на советници во општините

24.09.2025 18:14

Уставниот суд не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката на владата за утврдување на бројот на членовите на советите на општините. За оваа точка беа поднесени три инцијативи. Претходно Уставен не ја прифати и иницијативата за оспорување на упатството на ДИК за собирање на потписите за независните кандидати...

Уставниот суд не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката на Владата со која се дефинира бројот на членови во советите на општините. За оваа точка доставени се три иницијативи. Првата иницијатива е поднесена од Скендер Реџепи, кој тврди дека предметната одлука предизвикува правна несигурност, бидејќи според него, Владата ја донела Одлуката за утврдување на бројот на членовите во општинските совети без законско овластување.

Според претседателот на Уставниот суд и известителот за овој предмет, уставната судијка Добрила Кацарска, Владата имала надлежност според Законот за влада и Законот за локална самоуправа да донесе ваква одлука.

Уставниот суд не ја прифати и иницијативата за оспорување на упатството на ДИК за собирање на потписите за независните кандидати.

Игор Панов