ДИК

Утврден редоследот на единствената гласачка листа

24.09.2025 18:36

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе биде под број 9, опозициската СДСМ е на петтото место – ДИК го одреди распоредот на избирачкото ливче за локалните избори. Изборната кампања почнува в понеделник на 29-ти септември...

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ на избирачкото ливче на локалните избори ќе биде под број 9. Реден број 5 за опозициската СДСМ. Во ДИК ждребување за редоследот на партиите и коалициите за локалните избори. Прво место го доби коалицијата на ЛДП, ГРОМ и Интегра. Движењето „ЗНАМ“ на број 2. Под број 3. Гласачите довербата ќе ја дадат на Демократска партија на Србите, заедничката листа на ДУИ и „Алијанса за Албанците“ под број 4, „Левица“ е на шестото место, коалицијата „Вреди“ ќе биде на број 7 и под број 8 ќе се гласа за „Коалиција за Зелена иднина“.

Комисијата потврди 303 кандидатури за градоначалници и 558 советнички листи низ целата земја. Покрај ждрепката, ДИК го усвои и Планот за спроведување на обуки за членовите на избирачките одбори, со прецизен распоред за одржување. Објавени се и описите на сите 3.480 избирачки места во државата.

Комисијата исто така ги избра претседателите, заменик-претседателите и членовите на општинските изборни комисии, како и на Изборната комисија на Град Скопје.

Изборната кампања за изборите започнува в понеделник на 29-ти септември, а завршува на 17-ти октомври, односно 24 часа пред изборите. Граѓаните ќе избираат градоначалници и совети на 19-ти октомври. Вториот круг на изборите ќе се одржи на 2-ри ноември.

Марина Стојанова – Тонева