Временска прогноза
Променливо облачно, попладне дожд и грмежи
25.09.2025 08:11
Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 25 до 30 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
