Данска
Дронови над 4 аеродроми во Данска, Алборг привремено затворен
25.09.2025 09:00
Неидентификувани дронови забележани во воздушниот простор на Данска, над четири аеродроми поради кои аеродромот Алборг е затворен неколку часа...

Неидентификувани дронови забележани во воздушниот простор на Данска, над четири аеродроми поради кои аеродромот Алборг е затворен неколку часа – соопштија властите.
Инцидентот доаѓа само неколку дена по сличен случај на аеродромите во Копенхаген и Осло. Дроновите се појавиле во текот на ноќта и биле активни до после полноќ.
Сè уште не е познато кој стои зад инцидентот. Властите ја продолжуваат истрагата.
