Инцидент помеѓу ДУИ и ДПА на ребалансот на Буџетот
ДПА се повлекува од Собранието, ДУИ бара да се формира анкетна комисија што ќе ја утврди одговорноста за инцидентот што се случи во амандманската расправа за ребалансот на буџетот. Спикерот Вељаноски за утре закажал ад-хок координација на којашто ќе се анализира ситуацијата.

Острата вербална реторика во амандманската расправа за ребалансот на Буџетот, заврши со физичка пресметка меѓу пратениците на ДПА и ДУИ.
ДПА ги посочува интегративците, а тие ДПА како иницијатори за тепачката. Од партијата на Тачи велат дека ова е смислено сценарио, за како што рече Алиу, да се елимира опозицијата. Бараат кривична одговорност за 5 пратеници од ДУИ и ја соопштија веќе донесената одлука.
Ние во меѓувреме ќе превземеме адекватни заштитни мерки од овие насилници и злосторници. Земјаќи ја во предвид настанатата ситуација, ни нема да присуствуваме на понатамошната работа на Собранието. Исто така ја инфомираме јавноста дека и покрај насилството и теророт ние упорно ќе продолжиме да ги браниме албанските интереси“, рече Имер Алиу коррдинатор на пратеничката група на ДПА.
Од интегративците жалење и осуда за инцидентот. Бараат да се формира анкетна комисија за да ја утврди одговорноста, иако Груби веќе го посочи виновникот.
„Денешниот срамен инцидент инициран од страна на пратениците на ДПА, Орхан Ибрахими и Беким Фазлиу. Затоа параментарната група на ДУИ бара формирање на анкетна комисија која што веднаш ќе го расветли овој случај и ќе ја лоцира одговорноста за истиот“, рече Артан Груби од ДУИ.
Според ДПА провокациите и невкусните дофрлања од пратениците од ДУИ за време на дискусијата на Ибраими биле причина, од зборови да се премине, прво на фрлено пенкало, а потоа работеле и тупаниците и нозете, коишто на својата кожа ги почувствувале Ибраими и Фазлиу. Според ДУИ, немањето на конкретна понуда ДПА го компензирала со насилно однесување коешто на своја кожа ја почувствувал пратеникот Реџаил Исмаили. За добиената повреда велат побарал и помош од собранискиот лекар.
Спикерот Вељаноски за утре во 11 часот закажал ад хок координација на којашто ќе се разговара за настанатата ситуација. Комисијата за финансирање и буџет по неколкучасовната пауза продолжи со разгледувањето на амандманите. Сите 236 се доставени од ДПА.
Виолета Димовска
