Зеленски уверен во поддршката на САД
Американскиот државен секретар Рубио на средбата со рускиот министер Лавров побара Москва да преземе чекори кон трајно решение на конфликтот. Состанокот, одржан зад затворени врати, уследи по изненадувачката изјава на Трамп дека верува оти Украина може да ја врати целата окупирана територија.

Русија и Украина продолжуваат со меѓусебни напади и обвинувања за жртви, додека војната останува главна тема на Генералното собрание на ОН во Њујорк. Американскиот државен секретар Рубио на средбата со рускиот министер Лавров побара Москва да преземе чекори кон трајно решение на конфликтот. Состанокот, одржан зад затворени врати, уследи по изненадувачката изјава на Трамп дека верува оти Украина може да ја врати целата окупирана територија. Зеленски, кој во обраќањето во ОН побара итна акција против Русија, во интервју за „Фокс Њуз“ изрази уверување дека САД ќе ја поддржат Украина до крај и ќе воведат санкции за Путин.
„Трамп беше попозитивен и покажа дека сака да ја поддржи Украина до самиот крај. Подготвени сме да ја завршиме оваа војна што е можно побрзо. Но, тој разбира дека Путин не сака и дека ни е потребен поголем притисок врз него. Разговаравме детално за тоа и сметаме на санкции од страна на Соединетите Американски Држави“, изјави Володимир Зеленски – претседател на Украина.
Зеленски се сретна со францускиот претседател Макрон и генералниот секретар на НАТО, Руте, со кои разговараше за неодамнешните воздушни руски упади во воздушниот простор на земјите од алијансата. Макрон не се согласи со ставот на Трамп дека НАТО треба да соборува руски авиони, но нагласи дека одговорот на Алијансата мора да се засили.
