Генерално собрание на ООН

Средба на Сиљановска-Давкова со Гутереш

25.09.2025 08:50

Претседателката Сиљановска-Давкова во Њујорк се сретна со генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш. Тој изразил целосна поддршка за македонската евроинтеграција, потенцирајќи ја потребата земјава да го забрза патот кон унијата...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Њујорк се сретна со генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш. Тој изразил целосна поддршка за македонската евроинтеграција, потенцирајќи ја потребата земјава да го забрза патот кон унијата.

Сиљановска-Давкова присуствувала и на заедничката средба на лидерите од Европа и од Западен Балкан со европретставничката Каја Калас.

Денеска Сиљановска-Давкова ќе има обраќање пред Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк.