СПЦ поведува црковносудски спор против г.г. Стефан

26.08.2014 17:51

Одлуката СПЦ ја донеле на Синодска седница. Во кусото соопштение одлуката ја образлагаат со тоа дека МПЦ Охридска Архиепископија се наоѓа во раскол со Православната црква, поради упорното опстојување во раскол и затоа што македонскиот Архиепископ учествувал во прогонот на Вранишковски и неговите приврзаници.

Наместо нов почеток на разговори меѓу двете цркви, српските владици покренуваат црковно судска постапка против македонскиот архиепископ г.г. Стефан.

Одлуката ја донеле на Синодска седница. Во кусото соопштение одлуката ја образлагаат со тоа дека МПЦ Охридска Архиепископија се наоѓа во раскол со Православната црква, поради упорното опстојување во раскол и затоа што македонскиот Архиепископ учествувал во прогонот на Вранишковски и неговите приврзаници. 

Портпаролот на Синодот на МПЦ владиката Тимотеј во телефонски разговор кусо ја прокоментира одлуката на српските владици .

„Таа нема да има никакво влијание бидејќи Српската црква во 1959 година ја потпиша самостојноста на мМакедонската црква со укажување дека од тој момент за МПЦ не важи ниту еден акт кој ќе го донесат српските владици“, реле владиката Тимотеј.

Одлуката на Српскиот Синод доаѓа во време кога македонските владици се на одмор и ќе се состанат следниот месец на седница.  

Синодот на МПЦ Охридска Архиепископија во изминатиот период имаше зајакната дипломатска активност. Повторно ги повикаа српските браќа да седнат на заедничка маса, но од разговори не излезе ништо бидејќи српските владици негираа дека добиле писмо од МПЦ- Охридска Архиепископија.

Миле А. Ристевски