Еурофарм Пелистер поразен од ГОГ Гудме со 31:28

25.09.2025 09:57

Конечниот резултат од 31:28 е реален однос на силите. Данската ракометна школа дојде до израз во второто полувреме кое почна израмнето 14:14, а заврши со сигурна победа на гостите.

Данскиот вицепрвак ГОГ Гудме го надигра македонскиот шампион Еурофарм Пелистер i со два бодови замина од Битола.

Конечниот резултат од 31:28 е реален однос на силите. Данската ракометна школа дојде до израз во второто полувреме кое почна израмнето 14:14, а заврши со сигурна победа на гостите.

Триумфот на ГОГ Гудме го донесоа Фредрик Бјери со 13 и Хјалте Лике со 9 постигнати голови, додека во домашниот тим со својата прецизност  доминираа Манасков со 9 и Кузмановски со 8 голови, недоволно за втора победа на Еурофарм Пелистер во европската Лига на шампионите.

Ова е пораз од кој треба да извлечеме многу поуки, велат од РК Еурофарм Пелистер.