Врачена државната награда „Мајка Тереза“

26.08.2014 18:00

Долгогодишната хуманитарна работа во областа на образованието, воспитанието, екологијата, уметноста и културата беа пресудни за одлуката на одборот.

Хуманистка, педагог, воспитувач, човек кој целата своја енергија ја насочи кон создавање на подобро општество и младина, ова е само дел од богатото портфолио на Поликсена Илиоска, годинашниот добитник на наградата Мајка Тереза. Од 98-та делува во повеќе невладини организации и несебично им помага на децата на кои им е најпотребна помош. Проектот заедно со вас да ги направиме децата среќни е круна на нејзинита кариера. 

„Оваа награда за мене значи засилување на моите емоции, потхрнување на мојата душа, поттик, сила и мотив повеќе да продолжам по патот на хуманоста, којшто веќе одамна го имам трасирано. И понатаму да помагам неуморно на секому кому му е потребна мојата помош без разлика на која вера, култура или заедница и припаѓа. Но, секогаш со божја помош можеме да одиме напред во животот“, изјави Илиоска.

Долгогодишната хуманитарна работа во областа на образованието, воспитанието, екологијата, уметноста и културата беа пресудни за одлуката на одборот.

Професор Илиоска најави дека дел од паричната награда ќе ја донира во клиниката за детски болести во скопје .по повод денот на раѓањето на  мајка тереза , денес граѓанската асоцијација која го носи нејзиното