Потребни се услови и обуки за современо одржливо земјоделско производство
Младите земјоделци од Македонија сакаат да произведуваат според европски стандарди, но бараат услови и обуки за современо одржливо земјоделско производство. И во ЕУ се соочуваат со ист проблем, мал интерес за занимавање со земјоделство, па реформите за рурален развој мора да бидат насочени како да се привлечат младите да се занимаваат со земјоделство…

Земјоделството како еден од главните стопански гранки на Македонија треба да се приближи кон европските стандарди. Младите земјоделци сметаат дека за поголем интерес да се занимаваат со земјоделство се потребни обуки, вложување во нови технологии и органско производство.
И земјава и ЕУ имаат ист проблем, многу малку млади се заинтересирани да се занимаваат со земјоделство, велат експертите.
Современо, одржливо земјоделство е главен столб на Европската унија што треба да го прифати и Македонија како земја-кандидатка.
„Земјоделството е многу витално за економијата на Северна Македонија. Како земја на патот за интеграцијата во ЕУ, земјоделските политики и стандарди не се само неопходни туку и услов за одржлив развој, модернизација и конкурентност. Словачка ќе помогне да ги постигнете критериумите за проширување во земјоделскиот сектор“, изјави Ивета Хрицова- амбасадорка на Словачка.
Земјоделството како една од главните стопански гранки на Македонија треба да се приближи кон европските стандарди.
Ирина Гелевска
