Израел продолжува со нападите на Газа

26.08.2014 18:07

Продолжуваат израелските напади врз појасот Газа. Изутрината двајца загинаа, а повеќе од 30 се повредени, во напад на неколку станбени згради. Цел на бомбардирањето се висококатници за кои се претпоставува дека се упоришта на Хамас.

„Нападите ги плашат луѓето, сите се загрижени за безбедноста“, вели сведок

„Мојата куќа е целосно уништена. Граната падна во спалната, среќа што во тој момент никој не беше во собата“, вели сведок.

Обединетите нации би можеле да се вклучат во обидите за ставање крај на судирите во Газа. Експертите на овој чекор гледаат како на можност да се воспостави мир на Блискиот исток. САД  поднесоа предлог- резолуција за смирување на тензиите меѓу завојуваните страни, додека Германија, Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за испраќање припадници на светската организација во појасот Газа.

Во последното разгорување на војната во Газа, животот го загубија 2133 Палестинци, а повредени се над 11.000. Уништени се повеќе од 17 000 домови, а без дом останаа 100 000 луѓе.