За Стефановски стипендија од светска категорија, а потоа и пензија
Агенцијата за млади и спорт денеска организираше прием за автомобилистот Игор Стефановски, којшто неодамна ја обезбеди титулата европски шампион на ридски патеки. Според правилникот за категоризирање на спортистите, со постигнатиот меѓународен резултат тој станува стипендист од светска категорија. Наредните четири години ќе добива од државата стипендија во висина од две просечни плати, односно 42 илјади денари, а по завршувањето на кариерата доживотно ќе биде носител и на национална спортска пензија.

„Идната година ќе стартувам со уште посилно темпо за да го одбранам првото место во мојата категорија, бидејќи ќе бидам фаворит. За мене ќе претставува уште поголем мотив бидејќи секаде ќе биде истакнато македонското знаме и името на Република Македонија“, рече Стефановски на приемот.
„Врвните резултати, а особено освоените трофеи на големите натпреварувања, претставуваат позитивен пример за сегашните и за идните млади генерации во државата. Со посветена работа и упорност, ова успеа да го потврди нашиот автомобилист Игор Стефановски-Иџе, испишувајќи го со златни букви покрај неговото и името на Република Македонија во автомобилистичка Европа“, беа зборовите на Марјан Спасески, директорот на Агенцијата за млади и спорт.