Протест на вработените од „Паркови и зеленило“ и фирмите „Флораком“ и „Луна“
Вработените од „Паркови и зеленило“, и фирмите „Флораком“ и „Луна“ протестираа пред бараките на Град Скопје и канцеларијата на градоначалничката Данела Арсовска. Побараа исплата на платата за август, регрес и јубилејна награда за 2022 година. Во врска со јавните претпријатија кои не го собираа ѓубрето во Скопје, рекоа дека тоа е уште една лоша приказна, чии вработени не биле во добра состојба.

Вработените од „Паркови и зеленило“, како и нивните колеги од фирмите „Флораком“ и „Луна“ протестираа пред Град Скопје и канцеларијата на градоначалничката Данела Арсовска. Побараа исплата на платата за август, регрес и јубилејна награда за 2022 година.
Вработените во овие градски претпријатија побараа и средба со градоначалничката Данела Арсовска, но не беа примени.
На протестот на вработените во „Паркови и зеленило“ реагираа од Град Скопје.
„Надлежност за предметната активност има ЈП „Паркови и зеленило“ Скопје, одлуките ги носат членовите на Управниот и Надзорниот одбор на претпријатието кои ги избира Советот на Град Скопје. За сите работни активности, согласно со нивната годишна програма, може да каже само правното лице, односно „Паркови и зеленило“ Скопје“, велат од Град Скопје.
Ова не е прв протест на работниците од фирмите ќерки на „Паркови и зеленило“, „Флораком“ и „Луна“. Тие долг период алармираат за лошата состојба, но барем засега, одговор од надлежните нема.
Борис Грујоски
