Бесплатно користење платформа за научни бази
Владата продолжува со инвестирање во науката. Академици, научници, професори, истражувачи и студенти ќе можат слободно да пристапат до базата „Мрежа на науката“. Со нејзиното користење, на располагање се 26 илјади списанија и 182 милиона записи во базата, што ќе ги олесни работата и пристапот до најновите податоци.

Со користење на базата „Мрежа на науката“ научниците, професорите, истражувачите и студентите ќе имаат достапност до 26.000 списанија и 182 милиона записи, со што ќе имаат пристап до најновите достигнувања во светот, ќе им се олесни работата и ќе можат полесно да ги креираат своите трудови и проекти. Владата продолжува да инвестира во науката, вели министерката Јаневска.
Објавувањето на научните списанија ја зголемува видливоста на истражувачите и ја афирмира научната репутација на институциите, што е од пресудно значење за унапредување на академската позиција на нашите универзитети на меѓународните ранг-листи и за развој на меѓународна соработка.
„Поддржуваме ректори, административци за да ги разберат трендовите во истражувањата, она што треба да се поддржи во моменталната ситуација и со кого да соработуваат. Би рекол дека обучувањето е клучно покрај пристапот до дата-базите“, изјави -Радек Буџичовски – претставник на фирмата-сопственик на платформата Мрежа на науката.
Со максимално користење на алатки како ова интернет-страница, можеме да изградиме систем кој ќе нè доведе до повисока позиција на светската академска мапа. Меѓу критериумите што се земаат предвид при рангирањето на шангајската листа се бројот и квалитетот на објавените трудови, цитираноста и меѓународната соработка.
Еден од условите за да еден универзитет се позиционира на шангајската листа е да има минимум 1.200 научни трудови со импакт фактори но ние сме далеку од таа бројка.
Слободен пристап до базата „Страница на науката“ ќе имаат сите професори, научници, истражувачи, студенти од јавните универзитети и МАНУ.
Ана Јосифоска
