Министерот Бесар Дурмши на средба со постојаната координаторка на ОН, Рита Колумбија
На средбата се разговараше за продлабочување на соработката помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Обединетите нации, вклучително и ресорните министерства, преку заеднички проекти и активности кои имаат за цел унапредување на економскиот и социјалниот развој...

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмши, денес оствари средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во Северна Македонија, д-р Рита Колумбија. На средбата се разговараше за продлабочување на соработката помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Обединетите нации, вклучително и ресорните министерства, преку заеднички проекти и активности кои имаат за цел унапредување на економскиот и социјалниот развој.
Фокусот на разговорот беше ставен на зајакнување на положбата на жените во општеството, особено во делот на економскиот развој, претприемништвото и развојот на лидерските способности. Посебно внимание беше посветено и на политиките за родова еднаквост и превенција од дискриминација, како клучен предуслов за инклузивен и одржлив раст.
Истовремено, беа дискутирани и иницијативи за развој на политики за поддршка на младите, преку обезбедување поголем пристап до квалитетно образование, обуки за современи вештини, можности за вработување и активно вклучување во процесите на одлучување.
