Од утре нови сообраќајни правила, построги казни за пешаците
Од утре внимателно на пешачките премини. Стапуваат измените на Законот за безбедност во сообраќајот. Полицијата ќе казнува пешаци ако зборуваат на мобилен телефон додека поминуваат на пешачки. Ќе има санкции и за оние кои преминуваат улица со слушалки...

Дали построгите казни за пешаците или за возачите на мопеди трактори и тротинети со слушалки и мобилни телефони или електронски уреди ќе воведе ред во сообраќајната култура и поголема дисциплина.
Граѓаните со поделени мислења некои велат е добро да се заостри казнената политика, а други дека се удира по џебот на најранливите учесници во сообраќајот.
Од утре секој што ќе преминува пешачки со мобилен телефон или ќе вози тротинет преку обележан премин, ризикува парична казна.
Пешак кој ќе се движи со телефон на уво или во рака при преминување на коловоз или велосипедска патека ќе плати 40 евра. За возење тротинет, мотор или трактор со користење електронски уред, казната изнесува 50 евра.
Игор Панов
