Скопје Денс Фестивал – мултимедијален електронски музички настан кој вреди да го посетите
На 6-ти септември, Стадионот на АРМ во Градскиот Парк во Скопје ќе биде местото каде ќе се одржи најголемото електронско музичко збиднување за 2014 година. На главниот град ќе му се случи фестивал каков што му доликува. Идеата е продолжување и развој на електронската музичка сцена, едуцирање на младите, издигнување на градот Скопје и негово повторно поставување на мапата на светската електронска сцена, промовирање на најдобрите светски музички артисти пред македонската јавност, како и обединување на сите реномирани македонски електронски музички изведувачи на едно место.

Најпознатиот британски ди-џеј и продуцент Тристан ќе биде главниот виновник кој со својот психоделичен звук и настап во живо ќе предизвика позитивни вибрации кај присутните.
Тристан е психоделичен транс диџеј и продуцент од Англија, кој пројавил голем интерес за електронската денс музика додека патувал низ Азија. Поминал извесен период на Гоа, каде што го доживеал психоделичниот транс и присуствувал на голем број забави на плажа, по кои индискиот остров е познат. Фасциниран од тоа што го видел на Гоа, неговиот интерес за овој тип на музика продолжува по неговото враќање во Англија, каде со пријателите ќе почне да ги создава првите музички записии. Во 1993 година го има своето музичко деби, а во 1995 година снима за етикетата на „Matsuri Productions“. Во текот на следните неколку години издава за голем број светски Дискографски Куќи, меѓу кои се и: „Aquatec Records“, „21-3 Records“„Flying Rhino Records“, како и реномираната „Twisted Records“. По издавањето на двата студиски албуми, третиот го снима за „Nano Records“ и го насловува како „Chemisphere“. Му се препишуваат голем број настапи во живо ширум целиот свет на познати транс фестивали, а настапувал и на мејнстрим денс фестивали, како што е Гластонбери.
Домашна поддршка ќе дадат веќе докажаните и добро познатите артисти Коx, Роботек, Флудер, Горан Кан, Мирко Попов, Томи Бојаџи, Џантрикс, Ди-џеј Чваре, Еми и Ана Мало и Урбана Регенерација.
Настанот ќе биде надополнет со професионално осветлување и озвучување, видео проекции, жонглери, аниматори, огнени перформанси, изложба и работилници, како и промоција на најновата ласерска технологија.
Моника Јовановска