Мицкоски: После локалните избори ќе предложиме резолуција која ќе ги штити македонските национални интереси
Премиерот со низа забелешки за предлог резолуцијата, има факти и лаги, фалсификувани датуми. Мицкоски најави, документот на СДСМ може да биде подлога, но има многу што да се додаде како инпут, по изборите најави дека ќе биде формирана македонска резолуција со која ќе се заштитат националните интереси...

По изборите ќе формираме македонска резолуција што ќе ги штити национални интереси, има многу што да се даде како инпут, а предлогот на СДСМ може да се земе како подлога, вели премиерот. Мицкоски со низа забелешки за црвените линии на Филипче, најмногу за Преамбулата за која рече дека има неточни факти и лаги и дека на овој начин не се штити националното.
Мицкоски со став дека нема доволно време да навлегува во детали на документот што СДСМ ќе го достави до Собранието, за него ќе се дискутира по изборите. Сепак, според него, има неколку работи кои би можеле да придонесат за квалитетот на самата резолуција, но, вели, има и фалсификати на датуми поради што посочува дека типично е за СДСМ да фалсификува.
Игор Панов
