Скопје

„Ниту една повеќе“ - нов протест против насилството врз жените

25.09.2025 20:05

Нов протест попладнево против насилството, за слобода и права на жените, организиран од движењето „Ниту една повеќе“. Порачаа иднина без насилство...

Нов протест попладнево против насилството, за слобода и права на жените, организиран од движењето „Ниту една повеќе“. Порачаа иднина без насилство, должна правда за сите жртви кои не беа навремено заштитени, побараа законски измени, построга регулатива за насилници, да се гонат дури и без пријава.

Ова е втор протест што се организира по убиството на 31-годишната велешанка Росица Коцева, што се случи на 15-ти септември, а беше извршено од страна на нејзиниот поранешен партнер, кој подоцна се самоуби.

Првиот се одржа минатиот четврток пред Министерството за внатрешни работи, како и со блокада на улицата кај паркот „Жена борец“ во Скопје.

Најавено е и дека вакви собири ќе се одржуваат секој четврток.