Временска прогноза

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

26.09.2025 08:15

Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20 l/m2), проследени со појава на грмежи и засилен ветер...

Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20 l/m2), проследени со појава на грмежи и засилен ветер.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер.