Годишната конференција на Македонската берза
Свеченото отворање на конференцијата ќе го извршат Главниот извршен директор на Македонска берза АД Скопје, Иван Штериев, министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, и претседателот на Комисијата за хартии од вредност, Бујаре Абази...

Во Охрид, денес и утре, ќе се одржи 24-тото издание на Годишната конференција на Македонската берза.
Свеченото отворање на конференцијата ќе го извршат Главниот извршен директор на Македонска берза АД Скопје, Иван Штериев, министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, и претседателот на Комисијата за хартии од вредност, Бујаре Абази.
Како што е објавено, за предизвиците на монетарната политика во контекст на зголемена несигурност ќе дискутираат гувернерот на НБРСМ, Трајко Славески, и Главниот извршен директор на NLB Ljubljana, Словенија, Блаж Бродњак.
Овогодишната програма на конференцијата опфаќа клучни теми, како што се: македонските и регионалните економски изгледи, можностите и предизвиците за IPO и растот на домашните компании, развојот на пазарот на капитал преку мултифондови и ЕТФ-ови, значењето на малите берзи, влијанието на ажурираните стандарди за финансиско известување и трендовите во дигиталната трансформација на компаниите.
