Кремљ верува во волјата на Трамп за мир
Трамп се сретна со турскиот колега Ердоган од кого побара да се дистанцира од Москва во енергетскиот сектор и да не купува руска нафта за да се стави крај на војната...

Додека украинскиот фронт продолжува да гори американскиот претседател Трамп се сретна со турскиот колега Ердоган од кого побара да се дистанцира од Москва во енергетскиот сектор и да не купува руска нафта за да се стави крај на војната.
„Би сакал да престанете да купувате руска нафта додека Русија продолжува со своите напади во Украина. Тоа е најдоброто нешто што може да го направите. Веќе изгубија милиони животи, за што? Срамно. И претходно реков, нека продолжи, затоа што руската економија сега е во очајна состојба“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
Од Кремљ велат дека забележуваат промени во реториката од Вашингтон, но се надеваат дека Трамп сè уште има волја за постигнување мирно решение за Украина.
