свет
Нетанјаху денеска се обраќа во ОН во Њујорк
26.09.2025 09:39
Се очекува во својот говор да зборува за како што рече, вистината за неговата земја и најави дека ќе ги осуди земјите што ја признаа Палестина...

Израелскиот премиер Нетанјаху денеска се обраќа во ОН во Њујорк. Се очекува во својот говор да зборува за како што рече, вистината за неговата земја и најави дека ќе ги осуди земјите што ја признаа Палестина. Тој подоцна ќе се сретне со американскиот претседател Трамп во Вашингтон, додека Израел размислува за анексијата на Западниот Брег.
Трамп претходно најави дека нема да дозволи Израел да направи таков потег.
