САД
Трамп воведува нови царини за лекови
26.09.2025 10:57
Тој изјави дека мерките се со цел заштита на домашното производство и националната безбедност...

Американскиот претседател Трамп објави дека од 1 октомври ќе стапат на сила нови царини: 100 насто на увоз на брендирани лекови, 25 на тешки камиони, 50 на кујнски ормари и 30 проценти на тапациран мебел.
Тој изјави дека мерките се со цел заштита на домашното производство и националната безбедност.
