Минск

Путин и Порошенко се согласија за работење на план за итно примирје

27.08.2014 11:07

По средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот колега Петро Порошенко доцна синоќа во Минск, беше постигната согласност за работење на план за итно примирје во сепаратистичкиот конфликт.  И двајцата претседатели се согласија дека не е работа на Русија да ги поставува условите за примирјето меѓу владата во Киев и про-руските бунтовници.

По средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот колега Петро Порошенко доцна синоќа во Минск, беше постигната согласност за работење на план за итно примирје во сепаратистичкиот конфликт.  И двајцата претседатели се согласија дека не е работа на Русија да ги поставува условите за примирјето меѓу владата во Киев и про-руските бунтовници.

„Ние, Русија, не можеме да зборува за уловите за прекин на огнот, ниту пак за можните договрори меѓу Киев, Доњецк и Луганск. Тоа не е наша работа, туку е внатрешна работа на Украина. Ние само може да придонесеме за креирање на атомосфера на доверба за време на евентуалниот преговарачки процес, за кој што верувам дека е многу неопходен. Разговравме за тоа“, рече Владимир Путин, претседател на Русија.

Според украинскиот претедател, разговрите со Путин минале позитивно, но биле тешки и комплексни.

„Врз основа на мировниот план ќе биде изготвен и патоказ и ќе се обидеме да имаме консултации меѓу трилатералната контакт група, за да постигнеме примирје што е можно поскоро. Примирјето ќе биде обезбедувано од набљудувачите на ОБСЕ, кои што ќе бидат во можност и да го надгледуваат и потврдуваат примирјето, кое што мора да е двострано во секој случај“, рече Петро Порошенко, претседател на Украина.

Во Миниск беше и високата претставничка за надворешна политика на Европската унија, Кетрин Ештон која што истакна дека разговорите треба да се водат во две насоки – во насока на мирот и безбедноста и во насока на осигурување на границите.

Европската Унија, Русија и Украина се договорија и за продолжување на преговорите за гасот. Европскиот комесар за енергетика Гинтер Етингер предлага Москва и Киев да потпишат времена гасна спогодба, нагласувајќи дека Европа нема време да чека судска разрешница на руско-украинскиот гас бидејќи доаѓа зимата.

Во меѓувреме, портпаролот на украинската војска Андриј Лисенко изјави дека група руски војници ја прешле украинската граница со оклопни возила и камиони.
Тој информира и дека во последните 24 часа загинале 13 украински борци.   Генералниот секретар на НАТО Расмунсен пак, порача дека како одговор на руските закани алијансата ќе постави воени бази во источна Европа.

Марија Котовска